Со виртуелниот саем компаниите добиваат поголема видливост до потенцијалните кандидати, споредено со традиционалното стоење на штанд и делење флаери. On-line настаните се исто така популарни кај разновидна популација, особено кај младите. Ние во Wabtec ги следиме новите трендови и учествуваме на вакви настани. Минатата година добивме одлични кандидати, истото го очекуваме и оваа година.