Често учествуваме на саеми за вработување, а виртуелниот саем беше ново позитивно искуство, каде успеавме на еден поширок аудиториум на работобаратели да им ја претставиме нашата компанија и предностите за вработување во Адиент. Интерактивноста ни овозможи да одговориме на голем број на прашања кои ги имаа потенцијалните кандидати, а секако резултатот – поголем број на биографии за нашата база за потенцијални кандидати, ни овозможи да имаме поширок избор при нови вработувања. Верувам дека овој виртуелен саем и на работобарателите им овозможи поедноставно да се запознаат со поголем број на компании.