Со самиот развој на технологијата и новите начини на живот и делување, виртуелниот саем користи за полесно ширење на информациите и поголеми можности за комуникација со сите заинтересирани за работните позиции во нашата компанија“ – Стевче Ристевски, Одговорен за тренинг и развој на вработените.
Изминатите 2 години Нептун беше дел од регионалниот виртуелен саем за кариера и навистина овој саем ги надмина нашите скромни очекувања. Бевме позитивно изненадени од одзивот, како и од квалитетот на апликантите што ги добивме. Убава можност за поврзување на команиите и потенцијалните заинтересирани кандидати.
Минатогодишниот регионален саем за вработување за Жикол претставуваше одлично искуство. Преку саемот на иновативен начин се пристапува на пазарот на трудот. Крајниот позитивен исход од регионалниот саем за вработување е остварувањето на соработка со голем број на кандидати за вработување, како и можноста за развивање на нови вештини во склад со светските трендови.
Жикол
Дигитализацијата е стратешка определба на Македонски Телеком, и токму виртуелниот саем е одлично дигитално искуство кое ни овозможи брз и ефикасен пристап до потенцијални кандидати. Прикажувајќи дел од нашиот магента свет, добивме голема база на потенцијални кандидати со аспирации да станат дел од Т- семејството. #telekom_mk #wewontstop #GoodMagenta
Телеком АД – Скопје
Едноставно, достапно и одлично дигитално искуство кое ни овозможи пристап до многу таленти.
LIDL
Често учествуваме на саеми за вработување, а виртуелниот саем беше ново позитивно искуство, каде успеавме на еден поширок аудиториум на работобаратели да им ја претставиме нашата компанија и предностите за вработување во Адиент. Интерактивноста ни овозможи да одговориме на голем број на прашања кои ги имаа потенцијалните кандидати, а секако резултатот – поголем број на биографии за нашата база за потенцијални кандидати, ни овозможи да имаме поширок избор при нови вработувања. Верувам дека овој виртуелен саем и на работобарателите им овозможи поедноставно да се запознаат со поголем број на компании.
Со виртуелниот саем компаниите добиваат поголема видливост до потенцијалните кандидати, споредено со традиционалното стоење на штанд и делење флаери. On-line настаните се исто така популарни кај разновидна популација, особено кај младите. Ние во Wabtec ги следиме новите трендови и учествуваме на вакви настани. Минатата година добивме одлични кандидати, истото го очекуваме и оваа година.
Виртуелниот саем ни овозможи да се доближиме до квалитетни кандидати за работа преку презентација на основните корпоративни вредности на Нелт, а тие се: долгорочна перспектива, иновативност, лична одговорност, грижа за луѓе и победнички менталитет.
Нелт Ст
Виртуелниот саем за нас беше едно ново и позитивно искуство кое ни помогна да се претставиме на еден поинаков, интересен и модерен начин. Фидбекот беше многу позитивен и добивме голем број на нови кандидати подготвени да станат дел од Маркарт семејството.
Маркарт Македонија
Целосно ново дигитално искуство кое е во согласност со стратегијата на А1 Македонија – “Empowering digital life”